Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва

– Религиозна заклетва во претседателската палата положија деветтемина нови министри, алтернативни министри и заменици- министри во грчката Влада, по денешната реконструкција, јави дописничката на МИА од Атина.

На свечената заклетва, согласно протоколот, присуствуваа претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Свечена заклетва положија Атанасиос Плеврис како нов министер за здравство, Панајотис Теодорикакос, како министер за цивилна заштита, Василис Кикиљас – министер за туризам, Асимина Гага – алтернативна министерка за здравство, Никос Хардаљас – заменик-министер за национална одбрана, Андреас Кацањотис – заменик- министер за надворешни работи, Михаил Пападопулос и Јоргос Карајанис, како заменици-министри за транспорт и инфраструктура и Симон Кедикоглу како заменик министер за земјоделски развој и храна.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово направи 11 промени во неговата Влада, а откако поранешниот началник на Генералштабот на армијата и поранешен министер за одбрана во Владата на СИРИЗА Евангелос Апостолакис не ја прифати позицијата министер во новоформираното Министерство за цивилна заштита и управување со кризи, останува во следниот период да се одреди нов министер.

За попладнево, закажано е и примо- предавање на функциите во Министерствата за здравство, туризам и цивилна заштита.

Извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот