Новиот француски министер за внатрешни работи е под истрага за силување

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Дарманин остро ги негира тврдењата дека во 2009 година ја силувал Софи Патерсон Спац кога таа побарала правна помош од него.

Францускиот претседател Емануел Макрон и новата Влада се принудени да ја бранат одлуката за назначување на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи против кого се води истрага за наводното силување, јави Би-Би-Си.

Случајот беше отфрлен во февруари 2018 година, но овој јуни Апелациониот суд во Париз донесе одлука дека причините за откажување на на истрагата не се доволни.

Дарманин остро ги негира тврдењата дека во 2009 година ја силувал Софи Патерсон Спац кога таа побарала правна помош од него.

Тој изјави дека таа се согласила да има секс и ја обвинува за клевета. Меѓутоа, неговото именување предизвика шок и гнев кај феминистичките групи и критичарите на Владата, пренесува Би-Би-Си.

Макрон почна со реконструкција на Владата во петокот, по лошите резултати на неговата партија Република во движење на локалните избори минатата недела.

Истиот ден, досегашниот премиер Едуард Филип поднесе оставка, а на негово место беше назначен конзервативниот политичар Жан Кастекс.

Неколку часа подоцна, судот почна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата на коронавирусот, која се фокусира на тројца високи функционери, вклучувајќи го и Филип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот