Новиот „Де Брујне“ потпиша договор со Милан до 2027 година

Шарл Де Кетелар е репрезентативец на Белгија/Фото: EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Милан го промовираше своето ново летно засилување Шарл Де Кетелар кој доаѓа од редовите на Клуб Бриж од Белгија.

Играчот официјално потпиша договор со „росонерите“ кој ќе трае до 30 јуни 2027 година и ќе го носи бројот „90“ на својот дрес.

Со Клуб Бриж имаше вкупно 120 настап и реализираше 25 голови, трипати освојувајќи ја белгиската лига, а двапати националниот Суперкуп.

Во ноември 2020 година го имаше дебито за најдобрата белгиска репрезентација и оттогаш има осум настапи и еден погодок.

Офанзивен играч за врска со слични карактеристики на неговиот сонародник Кевин де Брујне, а се шпекулира дека Милан без бонуси за неговите услуги платил околу 35 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот