Новиот американски агрегатор за вести „књуз“ – алтернатива на Гугл и Фејсбук

Агрегаторот нуди содржини од повеќе од 400 издавачи на разни изданија и тематики. Варираат прилози од такви големи издавачи како „Вашингтон пост”, се до вести, на пример од весникот „Анкориџ дејли” или онлајн портали како левичарскиот „Дејли кос” или конзервативниот „Федералист”.

Медиумската куќа „Њус корп” на Руперт Мердок отвори нов сервис агрегатор за вести, кој се смета како алтернатива на Гугл и Фејсбук.

– Књуз.ком (Knewz.com) е креиран со цел добивање вести од широк спектар на извори и сервисот е ослободен од тенденциозните меури и вертикалите без содржина, фрустрација за многу проникливи читатели и умни издавачи, се вели на сајтот на „Кињуз”.

Агрегаторот нуди содржини од повеќе од 400 издавачи на разни изданија и тематики. Варираат прилози од такви големи издавачи како „Вашингтон пост”, се до вести, на пример од весникот „Анкориџ дејли” или онлајн портали како левичарскиот „Дејли кос” или конзервативниот „Федералист”.

Во објавата за агрегаторот се вели дека насловите ќе се генерираат како со помош на вештачка интелигенција, така и со помош на уредници-луѓе, со технологија која постојано скенира „илјадници реални новински извори”, кои обезбедуваат „широк спектар на дневни прилози”.

Агрегаторот е ривал на Гугл и Фејсбук, платформи од каде читателите најмногу примаат вести, а кои многу познавачи од медиумската индустрија ги окарактеризираа како уништувачи на новинарскиот бизнис, поради големите профити кои не ги споделуваат со издавачите.

– Сајтот е дизајниран за читателот на прв поглед да опфати повеќе наслови. Претставени се изданија од широк спектар на политики и региони, големите издавачи немаат предност над малите, изјави синоќа Роберт Томсон, извршен директор на „Њус корп”.

Се наведува дека читателите ќе имаат пристап до мали и голем издавачи од разни области и од сите 50 сојузни држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот