Новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи акредитирани за изборите

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи.

За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија.

Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката националната телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германскара АРД, Европската фото прес агенција – ЕПА, Турската радио телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио телевизија Косово, Би Би Си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.

Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот