Новинарка на „Би-би-си“ бара правда за себе и за 8 манекенки, бившиот на Линда Евангелиста сексуално ги злоставувал

Жералд Мари/Линдад Евангелиста/ Лиза Блинкворт/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Британската новинарка Лиза Бринкворт, која тврди дека била сексуално злоставувана од францускиот моден магнат Жералд Мари додека тајно работела за да ги разоткрие сексуалните злосторства во модната индустрија за документарец на „Би-би-си“, одлучила да повика и други модели кои го доживеале истото трауматично искуство со Мари, да сведочат и на суд.

Фото: Профимедиа

Имено, Бринкворт потврди дека Мари ја злоставувал во 1998 година додека снимала документарец со новинарот Донал Мекинтајр, а уште осум жртви на 72-годишниот тајкун, инаку поранешен сопруг на поранешниот топ-модел Линда Евангелиста, својот случај ќе го изложат за целите на продолжување на статутот на застареност на повеќе од 20 години на претставниците на Европскиот парламент. Жените кои себеси се нарекоа „Victorious Angels“ (ангели победници) тврдат дека биле „спречени“ да бараат правда токму поради застареноста на ваквиот вид злосторства во Франција и нагласуваат дека со тоа и понатаму „го штитат нивниот злоставувач“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Alcock (@edalcock)


Инаку, во тоа време сексуалниот напад требало да биде пријавен во рок од три години, додека застареноста на силувањето настапила по десет години. Иако спорните напади се случиле пред повеќе од 20 години, овој случај остана отворен во Франција бидејќи тамошните адвокати тврдеа дека спогодбата на „Би-би-си“ со агенцијата за модели „Елит“ на Мари околу документарецот ги спречила новинарката и манекенките да проговорат порано.

Иако нејзиниот случај сè уште е во тек, Бринкворт (55) истакна дека нема да продолжи со него освен ако сите други жртви не бидат сослушани како сведоци.


Од друга страна, Жералд Мари категорично ги отфрли сите обвинувања против него.

„Сите ние сме доживеале насилство од страна на овие поранешни модни агенти. Кога конечно проговоривме против нивните постапки и ги раскажавме нашите приказни за тоа што ни се случи пред повеќе од две децении, жртвите на Жералд Мари се најдоа спречени со статутот на застареност во Франција, која продолжува да го штити нашиот злоставувач. Сега ја посветуваме нашата долгогодишна мисија да ја направиме Европа побезбедно место и да обезбедиме идните жртви на сексуално насилство да имаат пристап до правни лекови кои ни беа ускратени“, нагласила Бринворт.

Треба да се напомене дека конференцијата во Европскиот парламент ја координира Омар Харфуш, либански бизнисмен и политичар и поранешен акционер на „Елит“, кој своевремено сведочеше против Мари во полиција, и ќе побара од сите земји-членки да ги усогласат законите поврзани со сексуалното насилство, како и нивната застареност.

Инаку, Бринкворт потврди дека Мари ја нападнал во текот на вечерата со пријателите. За тоа сведочеа нејзиниот колега Донал Мекинтајр и другите присутни, но тогаш новинарката не го пријавила бидејќи тоа би го попречило нејзиното истражување. Во тужбата што конечно ја поднела до француските власти на 20 септември 2020 година, таа ја опишала срамната и понижувачка ситуација во која Жералд Мари тогаш ја довел, барајќи од неа секс во замена за пари.

Во документите доставени до парискиот суд во јуни се тврди дека „Би-би-си“ не сакал Бринкворт да преземе правни мерки. „Елит“ го тужеше „Би-би-си“ откако ги емитуваа наводите во документарен филм во 1999 година, а во 2001 година телевизиската куќа се согласи, во склоп од доверливиот договор, никогаш повеќе да не ја емитува спорната програма. Бринкворт не беше дел од тој договор, па на неа бил вршен притисок од агенцијата „Елит“ за да ја замолчат. Таа исто така додала дека „Би-би-си“ ѝ обезбедувал заштита три години, од 1999 до 2001 година, при што таа престојувала во три безбедни куќи опкружени со електрична ограда.

Жералд Мари беше обвинет дека силувал неколку манекенки и тоа во период кога бил на чело на познатата модна агенција. Како што се наведува во обвинението, најмладата манекенка имала 17 години.

Против Жералд Мари кривична тужба поднела манекенката Каре Отис, поранешна сопруга на актерот Мики Рурк.

Жералд Мари беше во брак со Линда Евангелиста од 1987 до 1993 година.

Поранешниот сопруг на Линда Еванџелиста е обвинет за силување на тинејџерки!

Била толку убава што од кревет не станувала за помалку од 10.000 долари – Денес изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот