Поранешниот сопруг на Линда Еванџелиста е обвинет за силување на тинејџерки!

Фото: Профимедиа

Жералд Мари, поранешниот сопруг на супермоделот Линда Еванџелиста, е обвинет дека силувал неколку манекенки и тоа во период кога бил на чело на една позната модна агенција.

Како што се наведува во обвинението, најмладата манекенка имала 17 години.

Против Жералд Мари кривична тужба поднела манекенката Каре Отис, некогашна сопруга на актерот Мајкл Рурк.

Целиот случај е презентиран на судот во Париз, меѓутоа се уште не е започната кривична постапка.

Жералд Мари ги негираше овие обвинувања.

Фото: Профимедиа

Тој беше во брак со Линда Еванеџелиста од 1987 до 1993 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот