Нови 641 случај на ковид-19 бо Албанија, починаа четворица пациенти, 379 оздравеа

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во последното деноноќие во Албанија е дијагностициран ковид-19 кај 641 лице од направените 3.530 тестови, што е 18 отсто од вкупно тестираните. Со ова, вкупната бројка на заразени во земјата се зголеми на 66.635 од направените 307.638 тестови.

– Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 379 или 39.625 досега, додека починале четири паценти од 52 до 80-годишна возраст, со што вкупната бројка на почнати изнесува 1.265 лица. Активни на болеста се 25.745 од нив 60 отсто се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста, информираше Министертвото.

Во четирите ковид болници моментно се третираат 280 паценти, 33 се на интензивна терапија, додека шест интубирани.

Во меѓувреме продолжува вакцинацијата на здравствените работници, кои се директно вклучени во лекувањето на ковид пациентите. Денеска почна вакцинацијата на здратсвениот персонал во ковид два болницата,односно „Шефќет Нроќи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот