Новата хрватска амбасадорка во земјава ги предаде акредитивните писма

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Двајцата соговорници разменија мислења за европската перспектива на Северна Македонија и земјите од регионот, во контекст на претстојното претседавање на Хрватска со Советот на Европската Унија од јануари 2020 година, соопшти МНР.

Димитров изрази благодарност за конзистентната поддршка на нашите европски перспективи. Тој изрази и очекување за валоризирање на сработеното со што ќе се овозможат предуслови за конкретен исчекор на европската агенда.

На средбата беше изразено заемно задоволство од односите меѓу двете пријателски земји, оценети како одлични и без отворени прашања. Исто така беа разменети мислења за натамошно унапредување на секторската соработка, интензивирање на трговската размена и додавање нов квалитет на соработката во образованието, културата, земјоделството.

На амбасадорката Тигањ, Димитров и посака срдечно добредојде и желби за успешно извршување на новата дипломатска мисија во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот