Новак Ѓоковиќ пред пет години сакаше да се повлече од професионалниот тенис

фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Новак Ѓоковиќ сакал и планирал да стави крај на својата тениска кариера пред повеќе од пет години. Во разговорот со Џефри Катзенберг дава сосема нови детали во кариерата, зборуваше за најтешката повреда која ја имаше во текот на професионалната кариера.

Оваа шокантна информација ја соопшти најдобриот тенисер на сите времиња во едно од неговите интервјуа. Додека беше на американската турнеја – каде што неочекувано брзо беше елиминиран од Индијан Велс, Србинот раскажа како плачел пред операцијата што му го променила животот, што значеле за него зборовите на мајка му Дијана во тој момент, како реагирале неговите колеги и членовите на семејството и зошто не ја заврши кариерата кога одлучи дека не сака повеќе да игра тенис.

Тоа беше повреда на лактот што го спречи да ја крене раката или да сервира правилно. Играше од болки и со помош на апчиња, плачеше дека мора да се оперира, а потоа се врати посилен од било кога и влезе во историјата.

Плачев по операцијата, но не од болка, туку затоа што се изневерував. Мојата филозофија е да избегнувам операција, да направам сѐ што можам за да не одам „под нож“, а мајка ми беше таму. Ѝ реков „Мамо, се изневерив“, ме тешеше и рече дека тоа е нормално и дека сите го прават тоа. Тоа беше огромна промена за мене. Тогаш имав 30 години, што е многу за спортист, влегуваш во последната фаза од вашата кариера.

Имав фантастична кариера и никој не ми рече да успорувам, да не играм година-две. Се чувствував како да сакам да се откажам од тенисот, неколку месеци по операцијата се откажав од топ 20, го играв најлошиот тенис досега. Губев, се чувствував лошо на теренот. Мислев дека е момент. Потоа морав да го средам мојот сервис, тактиката, сето тоа беше предизвик – се зборовите на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот