Нова виза по Брегзит: Брз влез во Велика Британија за научници, математичари и истражувачи

Ќе го замени сегашниот визен систем за таленти, кој предвидува прием на 2.000 лица годишно на позиции со плата над 30.000 фунти годишно.

Официјален Лондон најави дека од следниот месец ќе воведе нова виза, која ќе им овозможи на научници, математичари и истражувачи брз влез во земјата.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека на тој начин ќе испратат порака оти по започнувањето на Брегзит в сабота, земјата ќе остане отворена за најталентираните умови во светот.

Новата виза ќе биде во функција од 20 февруари. Таа ќе им се издава брзо на лица кои имаат покана за работа од образовни установи и истражувачки институти. Ќе го замени сегашниот визен систем за таленти, кој предвидува прием на 2.000 лица годишно на позиции со плата над 30.000 фунти годишно.

Освен тоа процедурата за одобрување на визата ќе ја спроведува Агенцијата за научни истражувања и иновации, а не Министерството за внатрешни работи. Новата виза ќе важи и за европските граѓани, откако ќе истече преодниот период за излез на Велика Британија од ЕУ. Планирано е тоа да се случи до крајот на оваа година. Во моментов, научните работници од ЕУ се половина од вкупно 211.000 странски државјани на кои се потпираат британските универзитети и истражувачки организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот