Нова студија: Омиленото овошје може да спречи деменција и депресија

овошје
Фото: Pexels

Јагодите би можеле да помогнат во спречување на деменција и депресија кај луѓето со прекумерна телесна тежина во средна возраст, пишува британски „Сан“. Во текот на 12 недели, дневната порција на овошје го подобрува расположението и ги намалува проблемите со меморијата и менталното здравје, покажала студијата.

„Деменцијата е општ термин кој вклучува многу различни болести, а за ниту една нема лек. Не е јасно кога и дали ќе биде достапна делотворна терапија, така што превенцијата и ублажувањето на симптомите преку избор на исхрана и начин на живот во моментов е најдобриот пристап што го имаме“, рекол професорот Роберт Крикориан од Универзитетот во Синсинати.

Професорот Крикориан верува дека откритието на неговиот тим веројатно може да се припише на противвоспалителното дејство на антоцијаните кои се наоѓаат во јагодите.

„Сакавме да работиме со средовечна популација со прекумерна тежина бидејќи деменцијата е состојба за која се верува дека се развива со децении. Понатаму, воспалението е веројатно фактор што придонесува за метаболички нарушувања како што се дебелината, преддијабетесот и дијабетесот тип 2“, додал тој.

Јагодите се важни за одржување на здрава исхрана бидејќи обезбедуваат 100 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц во една шоља. Тие, исто така, содржат хранливи материи корисни за срцето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот