Нов земјотрес во Хрватска: Повторно почувствуван потрес кај Глина

Земјотрес / Фото: Илустрација

Околу 7.45 часот се почувствува нов потрес кај Глина. Според податоците на ЕМСЦ, тој бил со сила од 3 степени по Рихтер.

Меѓутоа, како што јавува Сеизмолошката служба, потресот кој се почувствувал во 7.46 бил посилен отколку што известиле ЕМСЦ.

Според нивните податоци, потресот бил со сила од 3,2 по Рихтер.

За време на вечерта ЕМСЦ забележа неколку помалку потреси во близина на Сисак. Околу 3 часот наутро е забележан потрес со сила од 2,1 степени по Рихтер на 26 километри западно од Сисак.

Централна Хрватска од 28 декември има регистрирано стотици земјотреси, а најсилниот беше на 29 декември, со повеќе од 6 степени по Рихтер, кога починаа седум лица.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот