Нов корупциски скандал ја тресе хрватската Влада, разрешен министерот за економија!

Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Премиерот Андреј Пленковиќ го разреши министерот за економија Давор Филиповиќ, потврдија од Јутарњи лист. Филиповиќ беше разрешен откако Национал објави транскрипти од снимките на неговиот специјален советник Јурица Ловринчевиќ за време на разговор со новинарот на ТВ Мрежа, Марино Влаховиќ.

Ловринчевиќ го договорил финансирањето на ТВ „Мреза“ од јавните претпријатија, а неколку пати го споменува неговиот дел во тоа, односно дел од парите да му бидат вратени. Национал наведува дека се работи за 200.000 евра кои Ловринчевиќ ги наменил за директорот на ТВ Мреза Саша Енглер. Ловринчевиќ наводно, според транскриптите, побарал половина од парите да ги задржи телевизијата, а дел да му ги врати до него, откако платил данок.

Тоа е нова голема афера во владата на Пленковиќ со силен мирис на корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот