НОВ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА НЕТФЛИКС ЗА ВТОРИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТ: Бил Гејтс открива од што најмногу стравува

EPA-EFE
фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Најголемиот страв на американскиот милијардер Бил Гејтс е, како што тој вели, неговиот мозок да престане да функционира. Гејтс тоа го изјавува во најавата за новиот документарец на Нетфликс во три дела – „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс”, кој ќе почне да се прикажува на 20 септември.

Режисер и извршен продуцент на филмот е Дејвис Гугенхајм, а приказната се фокусира на тоа што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс нагалено ја нарекува – „мултипроцесор”.

Таа вели и дека Гејтс „цвета во сложени ситуации“.

– Тој прави рамка во својот ум, а потоа почнува да ги подредува податоците. Ако нешто не се вклопува, тоа навистина го фрустрира, ќе рече Мелинда Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот