Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата

Фото Твитер

Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија”, соопшти Кралската шведска академија.

Шарплес (81), американски научник од Институтот Скрипс, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда.

Шарплес и Мелдал, дански научник од Универзитетот во Копенхаген, беа наградени за „воведување на хемијата во ерата на функционализмот и поставување на темелите на клик хемијата”, се наведува во соопштението.

Американската научничка Бертоци од Универзитетот Стенфорд, како што се наведува, вовела нова димензија на клик хемијата и почнала да ја користи за мапирање на клетките.

„Нејзините биоортогонални реакции сега придонесуваат за третмани за рак, меѓу многуте други примени”, истакнува Шведската кралска академија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот