Нискокалорични бомбички со индиски ореви и морков (РЕЦЕПТ)

бомбици

Состојки:

100 гр индиски оревчиња
100 гр овес
200 гр урми
100 гр пасирани јаболка
1 ванилин шеќер
1 цимет
1 рендан морков
300 гр сечкани ореви
100 гр кокос

Подготовка:

Индиските оревчиња, овесот, урмите, кашата од јаболка и ванилиниот шеќер се ставаат во блендер и убаво се миксираат додека смесата не стане изедначена. Потоа смесата се вади од блендерот и во неа се додаваат сите други состојки наведени во рецептот.

Со рака сето тоа убаво се измесува и се формираат топчиња.
Формираните топчиња можете да ги извалкате по ваша желба, во кокос, мелени ореви, кршени лешници или, пак, во какао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот