Никовски за СП: Некој има намери пак да крои граници

Ристо Никовски / Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека се уште не е јасно кој и зошто го пласирал нон-пејперот што деновиве го бранува Балканот, но неговото појавување не е случајно.

– Не е јасно дали се работи за испитување на расположението на Балканот или е конкретна намера нешто да се превземе. Дека такви намери има, не треба да има сомнежи, бидејќи е очигледно дека БиХ е нефункционална држава и ако вака продолжи кога-тогаш ќе експлодира. Косово е сепак полесно прашање од БиХ, иако изгледа контарверзно. Ваков дефинитивен расплет на пост-Југославија ќе доведе до нови војни, како што покажуваат реакциите во регионот – вели Никовски за „Слободен печат“.

Во врска со импликациите врз Македонија од еден ваков не-документ Никовски изнесе интересна теза:

– За Македонија е многу подобро северниот дел на Косово, општините околу Косовска Митровица да се вратат во Србија, која на тој начин ќе добие сатисфакција и со тоа ќе се заврши нелегалното отцепување. Формирањето на некаква заедница на српски општини во рамките на Косово, што ќе значи српска држава на Косово, неизбежно ќе води до слични комбинации и формирање на заедници и кај нас, што ќе значи федерализација на Македонија. Албанија и Косово неформално се една држава и понатаму ќе има се повеќе потези во таа насока. А самото обединување не им одговара ниту на Тирана, ниту на Приштина. За нив е подобро да бидат одвоени ентитети на регионален и на меѓународен план, затоа што ќе бидат една држава со два гласа – вели Никовски.

 

Од нон-пејпер до тоалет-пејпер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот