Николовски: ВМРО-ДПМНЕ има тим и со сигурност ќе ги исполни сите ветени проекти

Носителот на изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова Македонија“ Александар Николовски вечерва од Радовиш порача дека промените се неопходни и ги повика граѓаните масовно да излезат на 15 Јули и да ја испратат најненародната  власт на политичкото буниште .

-Седми ден во кампања можам да ви кажам прекрасна енергија убава атмосфера убави вибрации од целата 4 изборна единица. Секаде убава една енергија се собира околу ВМРО ДПМНЕ затоа што сите се свесни дека промените се  неопходни и дека доаѓаат на 15 Јули си оди оваа ненародна власт и оди Заев на најтемните страни на историјата затоа што и тие треба да се пишуваат. Ве повикувам на 15 Јули на масовна огромна референдумска излезност- кажа Николоски.

Николоски потенцираше  дека СДСМ единствено донесоа национално понижување , предавство и економско опустошување во изминатите три години што поминаа.

Прочитајте и...  Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

-Луѓето се чувствуваат национално понижени заради сите предавства што се случија во овие три години, промената на името , воведувањето двојазичност и кај што треба и кај што не треба и продажбата и трговијата со историјата. И втората работа , економско опустошување„ појасни Николовски.

Дополнително носителот на изборна единица 4 Николовски дополни дека граѓаните масовно се  иселуваат заради криминалната влада на СДСМ заради лошо образование , лошо здравство и катастрофални економски услови.

-Белата чума владее , си одат луѓето по белиот свет по Швајцарија по Германија по Америка по Австралија . Тоа е тажната вистина на која што мора да ставиме час поскоро крај. И не си одат  луѓето само заради лоши економски услови. Си одат како што ми велат најголем дел од  нив заради децата а тоа значи дека чувствуваат дека нема ред во Македонија дека има многу криминал корупција нема добар здравствен систем образованието е како никогаш порано однесено на најниски можни гранки и едноставно условите за живот се лоши- рече Николовски.

Прочитајте и...  Мицковски од Штип: Мотивирани сме, не мотивира поддршката од народот

Александар Николовски како носител на изборна единица 4 на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „„За Обнова на Македонија“ кажа дека со давање глас за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните гласаат за проекти и за непрестаната битка за државата. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има тим и дека се обврзува и со сигурност ќе ги  исполни сите ветени проекти.

-Со гласот на ВМРО-ДПМНЕ бројот 14, листата на ВМРО ДПМНЕ гласате за програмата обнова која што значи 1000 проекти ама не само 1000 проекти на хартија туку силна битка за нивна реализација. Од прв до последен ден од прв до последен проект. Затоа што имаме тим предводен од претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој  што ќе го реализира тоа што го ветува- додаде Николовски.

Прочитајте и...  Ахмети од Охрид ги повика граѓаните да гласаат за прв премиер Албанец

Тој на крај порача дека треба да се стави крај на криминалната мафија која ја пустоши државата на чело со СДСМ и ги повика граѓаните на масовна излезност за регенерација на Македонија.

-Бандити и арамии владеат со Република Македонија, ја крадат ја пустошат ја цицаат ви ја цицаат маката и ви ги бркаат децата надвор од државата. Тоа е тажната вистина која треба да ја смениме на 15 Јули. Ве повикувам на голема масовна излезност  , референдумска излезност. Да ставиме крај на арамиите и бандитите , да ја удриме во чело мафијата која што владее во Македонија и да си ја вратиме државата. Ве повикувам за голема масовна излезност- посочи Николовски.

Прочитај повеќе

Извештај: Повеќе околности доведоа до соборувањето на украинскиот авион во Техеран

Слободен печат

Нови 136 случаи на коронавирус, починаа шест лица, а оздравени се 123 пациенти

Слободен печат

Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Состојбата не се подобрува: Нови 287 случаи на коронавирус во Србија, 11 лица починаа

Слободен печат

Заев: На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина (ВИДЕО)

Слободен печат

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицковски од Штип: Мотивирани сме, не мотивира поддршката од народот

МИА Агенција

Зибери: Верувам во поддршката на илјадници граѓани

МИА Агенција

Рекорден број новозаболени и хоспитализирани лица со Ковид-19 во некои американски сојузни држави

МИА Агенција

Лукаревска: Покажавме одговорност, ги вративме слободата и европскиот пат

МИА Агенција

ГДУ: На 15 јули да испратиме порака во името на граѓанинот

МИА Агенција

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНE го осуди објавувањето на снимките, бара истрага од надлежните

МИА Агенција