Николовски: Наместо ВМРО-ДПМНЕ да се заканува со кривични кон Филипче, потребна е поддршка на институциите кои се справуваат со коронавирусот

Престанете да бидете несериозни и да правите циркузи околу најважната и најсериозна тема како што е корона вирусот, му порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тие ги бирале и рангирале кандидите за пратеници според нивниот придонес и достигнувања. За Панчо Минов рече дека е на листата, бидејќи, заедно со него, ги донеле законите со кои се решиле проблемите кои ги оставил Никола Груевски.

-Јас можам да кажам зошто Панчо Минов е на листа на СДСМ. Заедно со Панчо Минов ги решивме сите проблеми што ги остави Никола Груевски. Со Панчо Минов ги донесовме законите за земјоделците, лозарите од Повардарие. Покажуваме големина, бидејќи имаме отвореност, смета Николовски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица три, Игор Јанушев вечерва во емисијата „Топ Тема“ упати жестоки критики за работата на Љупчо Николовски, кој што беше министер на земјоделие, кој според него го има девастирано македонското земјоделие.

-Во 2016-та година кога Николовски ја превзема функцијата министер за земјоделие имаше вкупен трговски биланс од минус 187 милиони евра. 2018-та година кога ја напушти функцијата истиот е дуплиран на 250 милиони евра, тоа е неговиот „успех“- посочи Јанушев.

Престанете да бидете несериозни и да правите циркузи околу најважната и најсериозна тема како што е коронавирусот, му порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Сега е потребна одговорност и сериозност од сите. Наместо да шират лажни вести кои ги среќававме деновиве, наместо ВМРО-ДПМНЕ да се заканува со кривични пријави кон министерот Филипче кој ужива огромна доверба, потребно е да бидеме сериозни и да дадеме поддршка на институциите кои одговорно се справуваат со коронавирусот- нагласи Николовски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Николовски апелира на сериозност од секој еден политички субјект.

-Здравјето е пред сè, се друго е небитно, се друго е споредно во целокупниот овој случај. Ние сме тука да ги носиме нашите одлуки согласно препораките кои што ги има институциите. Затоа ја одложивме целата агенда на претседателот Заев три дена нема никакви средби, со комори , активист, со членови, со граѓани- истакна генералниот сектетар на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот