Николовски: Mестата кои Чулевци и некои други ќе ги испразнат, ќе ги пополниме со чесни луѓе, домаќини

Ќе се смени за брзо Наќе Чулев, но ќе се сменат и други министри, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, откако Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто власта не го смени министерот за внатрешни работи Чулев ако, како што рече, навистина тој е виновен за порастот на заразени од Ковид 19.

-Ќе си имаме фер и безбедни избори, без нарушување на здравствените мерки. И ќе се вратиме конечно во колосек. А местата кои Чулевци и некои други ќе ги испразнат, ќе ги пополниме со чесни луѓе, домаќини. Правични и работливи како моите сонародници од истокот, каде денес имав чест да го поминам денот. Доаѓаат убави времиња- напиша Николовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот