Николоски: Доаѓаат подобри времиња за македонското земјоделство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на коалицијата предводена од оваа партија во ИЕ 4, Александар Николоски најави подобри времиња за македонското земјоделство.

Како што истакна во денешната видео порака, на нашите полиња работи вреден и чесен народ кој живее од својата мака и труд.

– Почит за житарите кои од утро до мрак неуморно се трудат за најдобриот леб на светот. За лозарите кои ја знаат тајната на најдоброто вино. За тутунарите кои од бели мугри се мачат за да ја прехранат фамилијата. За градинарите без кои нема здрава нација. Почит за сите земјоделци кои се нашите херои. На македонските полиња работат вредни, неуморни и чесни луѓе кои секоја година знаат што значи да се обнови родот. Да се обнови семето за да се жнеат плодовите на макотрпната работа. На македонските полиња доаѓаат подобри времиња за сите земјоделци. Време во кое секој ќе може да исправи гордо, да е задоволен и платен за сработеното, да биде почитуван, рече Николоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот