Николиќ: Црвена звезда доаѓа во Скопје со Кампацо, но МЗТ однапред не се предава

фото: Cibona/Marin Susic/aba-liga.com

Денеска во рамките од 14 коло во АБА лигата составот на МЗТ Скопје Аеродром од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Црвена звезда, актуелниот шампион во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак кој моментно е на последната 14 позиција во генералниот пласман се обидува да ја прекине негативната серија на порази (пет во низа). Последен пат сезонава триумфираше на 27 ноември минатата година дома над Мега Баскет (94:82).

„Металците“ се надеваат дека со новиот тренер Драган Николиќ игрите и резултатите ќе бидат подобри во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

На спротивната страна белградските „црвено-бели“ во Скопје ја имаат фаворитската улога, имаат седум победи по ред во АБА лигата, а славеа и на последниот евролигашки меч против Валенсија во Шпанија.

МЗТ и Црвена звезда до сега се сретнаа 13 пати во регионалната лига, Србите триумфираа на 12 мечеви, а Македонците еднаш во 2013 година во Скопје со 65:58.

Сакам прво на сите да им ги честитам новогодишните и божиќни празници, со желба за среќа, здравје и благосостојба. Играме против најсилниот можен противник, најголемиот фаворит за титулата во АБА, кој има реални шанси за пласман во плеј-офот во Евролигата. Црвена звезда има широк ростер, предводен од одличен тренер, кој прави чуда и без многу играчи на кои не може да смета, а тоа го потврди и триумфот во Валенсија, каде одржа час по кошарка. Против нас ќе биде силна за фантастичниот Кампацо, што секако им ја зголемува и онака огромната фаворитска улога. Но, тоа не значи дека МЗТ однапред ќе се предаде.

Наша цел останува опстанокот во АБА, бидејќи на секој натпревар ќе даваме максимум без разлика на силите на противникот. Се надевам дека навивачите и овојпат ќе дојдат во голем број и ќе ја дадат потребната помош од трибините каде што очекувам да направат спектакл. Имавме одредени проблеми во изминатиот период, но сите ќе стиснат заби и ќе одиграат најдобро што можат, со цел да пробаме да му ги замрсиме сметките на големиот ривал од Белград – вели Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот