Никола Тодоров се ослободи од министерската суета: Филипче одлично се бори со епидемијата

Никола Тодоров. / Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во колумна за „Дојче веле“ имаше пофални зборови за наследникот Венко Филипче. Тој посочи дека на министерот, Комисијата за заразни болести и сите надлежни лекари и експерти одлично се борат со епидемијата.

– Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19. Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија – пишува Тодоров.

Тодоров во својата колумна ги повика политичарите, еспертите и новинарите да не го напаѓаат кредибилитетот на Филипче во време кога светот се справува со пандемијата на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот