Никола Попоски бара Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ
Повик до Христијан Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ упати и Никола Попоски, поранешен висок функционер на партијата, кој своевремено се споменуваше како можен нов лидер, за по конгресот во Валандово да се дистанцира од дневно-политичките збиднувања.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде. Веднаш да најавиме дека недвосмислено, со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството отколку да создаваме нереални надежи за потоа да ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив- оценува Попоски.
Во колумна за МКД.мк насловена „Не умирај магаре до зелена трева, на рати“, Попоски посочува дека, дури и да испаднеше, како што најавуваа од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата да освои 57 пратенички места, формирањето влада ќе беше тешко. На изгубени избори, како што забележува, не е полесно.
Оставка од Мицкоски побара и градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на партијата, кој беше тргнат од функцијата поради поддршката за уставните измени.
По поразот Јанчев бара оставки и ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ


