Ник Кирјос има свој фаворит на „Австралија опен“, не е Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Ник Кирјос изненади многумина кога на социјалната мрежа „Икс“ го објави кој е неговиот фаворит оваа година на грен слем турнирот „Австралија опен“.

И покрај тоа што во последно време има пофалби за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, предвидува дека Србинот оваа зима нема да дојде до нова титула во Мелбурн.

Според Австралиецот, Стефанос Циципас ќе го освои шампионскиот пехар, иако грчкиот тенисер изминатата година имаше пад во формата.

– Мислам дека Циципас ќе го освои „Австралија опен“ – објави Кирјос на социјалната мрежа „Икс“.

Ѓоковиќ во првите две кола ги совлада Д. Прижмиќ (3:1) и А. Попирин (3:1), а следен ривал ќе му биде Аргентинецот Т.М. Ечевери.

Циципас, кој е седми носител на турнирот, оствари победи над З. Бергс (3:1) и Џ. Томпсон (3:1), и во третото коло ќе се соочи против Л.В. Аше од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот