Неверојатна приказна: Во еден ден освоила две награди на лотарија

Фото: Pхhere

На почетокот на овој месец, 70-годишна жена од Делавер освои два џекпот на лотарија во вкупна вредност од 400.000 долари во ист ден, и покрај неверојатните шанси за таков подвиг. И не е првпат вакво нешто да му се случи на некој добитник на лотарија, пишува „Си-ен-би-си“.

Жената по првата, освоила и втора, уште поголема награда, само затоа што решила да ја прослави првата добивка.

Банкарската сметка на една Американка станала драстично побогата откако во еден ден освоила две награди на лотарија.

Една 70-годишна жена од Дeлавер, која сакала да остане анонимна, дознала дека освоила 100.000 долари откако купила две грепки на бензинска станица во Њуарк, објави Лотарија Делавер.

Два дена подоцна, жената отишла во лотаријата по својата награда.

Според лотаријата, жената одлучила да ја прослави својата добивка и купила три лозови „Serious Money“ на бензинска станица во Довер, кога сфатила дека освоила уште една поголема сума.

„Првата личност на која ѝ кажав дека освоив 100.000 долари е мојата најдобра пријателка која дојде со мене да ја подигнам наградата“, им рекла победничката на службениците во лотаријата.

„Кога истиот ден изгребав уште една грепка и освоив 300.000 долари, седевме во неверување. Тоа беше сосема лудо“, објаснила таа.

Потоа повторно отишле во просториите на лотаријата да ја земе својата награда и така заработиле неверојатни 400.000 долари во еден ден.

Жената вели дека планира да заштеди пари за пензија.

„Многу е убаво да се види како нашите играчи дома носат шестцифрени награди. „Instant Games“ продолжува да ги изненадува и воодушевува играчите во државата“, рекла директорката на Лотарија Делавер, Хелен Кели, во соопштение за јавноста.

Инаку на почетокот на оваа година, еден Американец исто така имал голема среќа кога добил на лотарија два пати во рок од една недела.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот