Нетанјаху се брани: „Ова се лажни обвиненија кои потекнуваат од систематски опструирана истрага“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го отфрли обвинението за корупција и го опиша како „обид за преврат” против него.

Нетанјаху во јавно обраќање рече дека ќе продолжи да го води Израел.

Тој додаде дека обвинението потекнува од „лажни обвиненија” и систематски „опструирана истрага”.

Израелски обвинител денеска официјално поднесе обвинение за корупција против премиерот Нетанјаху. Обвинението вклучува мито, кршење на довербата и измама.

Нетанјаху претходно негираше дека сторил казнено дело во три случаи на корупција, наведувајќи дека е жртва на политички „лов на вештерки”. Тој нема законска обврска да поднесе оставка после обвинението.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува десетгодишна казна затвор и максимум три години затвор за измама и кршење на довербата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот