Несекојдневна акција во Велес: Пожарникарите спасија маченце заглавено на бандера! (ВИДЕО)

Велешките пожарникари вчера имале несекојдневна акција, откако биле повикани да спасат мало маче. Откако граѓаните не успеале сами да симнат малото маче кое на видеото се гледа како стои на жици од бандера на улицата „Кумановска“, преку фејсбук-објава на здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ од Велес, активистите ги повикале пожарникарите да им помогнат во целта.

Набрзо, од здружението објавија уште едно видео, на кое се гледа како пристигнува возилото на противпожарната служба, а потоа и како пожарникарите му пристапуваат на мачето:


Откако пожарникар му се доближи на мачето за да го спаси, се испостави дека мачето не било опасно заглавено, но сепак, од здружението беа импресионирани од брзата реакција на службата, нарекувајќи ги херои: „За среќа не беше заглавено! Ние сме многу позитивно изненадени од брзата реакција на Противпожарната екипа од Велес, Вие сте херои! Има капка надеж за нас! Фала ви од срце!“, напишаа велешките активисти од „Гласот на животните“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот