Необичната историја на сувенирите: Биле создадени за зачувување на црквите?

Фото: Pexels/Melike Benli

На крајот од речиси секое патување, следува купување мал подарок за најблиските кои нѐ чекаат дома. Тоа може да биде нешто навистина мало, како магнет за фрижидер или привезок за клучеви, но ќе остане како спомен од патувањето. Овие симпатични подарочиња ги нарекуваме сувеници, пишува „Пун куфер“.

Но, како започнала културата на подарување сувенири? Од каде потекнува овој обичај? Во продолжение, дознајте ги одговорите на овие прашања.

Сувенирите не се дел од новата традиција. Но, кога велиме нова, не мислиме на нешто создадено пред 20, 30 или дури 100 години. Практиката да се купи нешто такво е стара повеќе од еден милениум.

Фото: Pexels/Marina Gr

Уште во 980 п.н.е., ирски патници тргнале кон Скандинавија. Кога се вратиле дома, го понеле со себе она што се верува дека е првиот сувенир: килибарни мониста, според една статија на „Дејли мејл“.

Сепак, се чини дека тоа било релативно изолиран случај. Првите сувенири биле создадени дури во 1400 година. Тогаш биле направени таканаречените значки за аџии – мали жетони, кои верските аџии ги собирале од различните светилишта што ги посетувале ширум Европа.

Значките на аџиите решиле голем проблем, бидејќи аџиите претходно, буквално, сечкале парчиња од црквите за да ги однесат дома како сувенири од нивните патувања.

Фото: Pexels/Plato Terentev

Почнувајќи од 1600-тите, кога богатите млади луѓе почнале да ја обиколуваат Европа за подобро да ја запознаат, индустријата за сувенири растела сѐ повеќе и сѐ повеќе . Овие богати луѓе почнале да носат вредни предмети во својот дом, како украсни лажици, привезоци и минијатурни знаменитости. Во тоа време започнало собирањето сувенири, кое трае сѐ до денес.

На некој начин, сувенирите симболизираат искуства, аспирации и личен раст. На пример, сувенир од предизвикувачко пешачење може да симболизира упорност, додека сувенир од странска земја може да го покаже нечиј авантуристички дух.

Во секој случај, едно е сигурно. Без разлика дали купувате сувенири за да покажете дел од вашата личност и дух, дали ги купувате на вашите најблиски како подарок – индустријата за сувенири станува сѐ поразвиена.

ФОТО+ВИДЕО | „Најубавиот европски град каде што никој не оди“: Има 12 реки, 21 остров и стотици скулптури со џуџиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот