Необична пракса во Јапонија за 96 долари: Родители одат на состаноци и бараат брачни партнери за нивните деца

Фото: Pexels/ Christiano Sinisterra

Сè помалку Јапонци одлучуваат да се омажат и да имаат деца, а нивните родители, сакајќи да имаат внуци, одат на организирани брачни настани, за да им помогнат на своите деца да најдат соодветен брачен партнер, пишува „Си-ен-ен“.

Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски перспективи и напорната работна култура, сè помалку Јапонци денес избираат да се омажат и да имаат деца. Па, затоа тука настапуваат нивните родители, кои се загрижени за сè помалите шанси да добијат внуци.

На состаноците наречени „омијаи“, родителите зборуваат за своите возрасни, самохрани деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов. Секој од родителите издвојува по 14.000 јени, односно 96 долари, за учество на ваков настан. Учесниците зборуваат за нивните омилени хобиja, филмови или ресторани.

„Идејата дека е во ред родителите да им помагаат на своите деца да се венчаат на овој начин, стана многу распространета“, вели Норико Мијагоши, директорка на компанијата која организира брачни настани речиси две децении.

Таа вели дека во минатото, луѓето можеби се срамеле да присуствуваат на овие настани. Но, времињата се смениле.

Во Јапонија денес има сè помалку бракови и помалку луѓе. Населението долго време беше на надолна траекторија, според владините бројки, претрпе рекорден пад од 800.523 на 125,4 милиони.

Бројот на новорегистрирани бракови во Јапонија во 2021 година падна на 501.116, што е најниско од крајот на Втората светска војна и само половина од бројот на бракови регистрирани во 1970-тите.

Јапонците се венчаат сè подоцна и подоцна, просечната возраст во 2021 година беше 34 години за мажите, во споредба со 29 во 1990 година и 31 за жените во споредба со 27 години во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот