Необичен знак на зголемен холестерол може да се појави и на прстите на нозете

нозе
Фото: Profimedia

Високиот холестерол е потенцијално фатална состојба која погодува милиони луѓе. Како што објаснуваат лекарите, во повеќето случаи многу луѓе дури и не сфаќаат дека имаат висок холестерол додека не развијат сериозни компликации како што е срцев или мозочен удар.

Иако повеќето симптоми најчесто поминуваат незабележано, лекарите истакнале еден необичен симптом кој може да биде знак за зголемен холестерол, а се појавува на нашите прсти.

Според Националната здравствена служба на Британија (НХС), грчеви или чувство на стегање во нозете или стапалата, поконкретно во прстите, може да бидат знак за таканаречената периферна артериска болест предизвикана од високите нивоа на холестерол во крвта.

Оваа вообичаена срцева болест е токму компликацијата која се појавува поради нелекуваниот висок холестерол.

Таложењето на масни наслаги во артериите го ограничува дототокот на крв во мускулите на нозете, поради што пациентите ги чувствуваат горенаведените болки.

Како што објаснуваат експертите, кај многу луѓе првите знаци на оваа состојба започнуваат бавно и нередовно, обично со непријатност како што се замор и грчеви во нозете и стапалата кои се влошуваат со физичка активност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот