Немав пари за хотел, спиев во автомобил: Ален Исламовиќ во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Фото: Промо

Во недела, првиот специјал на „Еден на Еден“ во 2020 со Ален Исламовиќ и неговата животна приказна е нешто што вреди да се погледне.

Со некогашниот фронтмен на бендовите „Бијело Дугме“ и на „Дивље Јагоде“, Ален Исламовиќ на многу интересни теми муабетеше Жаре во „Еден на Еден“, а емисијата ќе ја гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.

Босанскиот пејач искрено раскажа за неговиот пат до „Бијело Дугме“, за тоа што значи да се живее вистинскиот рокенрол, но и многу негови приватни приказни, за сопругата Маријана, за децата, за внуците.

Фото: Промо

„Кога пеев во „Дивље јагоде“, на една турнеја немавме пари сите да се сместиме во хотел. Половина од бендот спиеше во хотел, а половина во стариот „стокец“. И Бреговиќ ми раскажуваше за неговите почетоци, за времето кога јаделе паштети на турнеја, затоа што не можеле да си дозволат повеќе. Тоа е тој пат кој мора да се помине“, е само дел од приказните на познатиот босански пејач.

Ален ќе раскаже и за бизнисот на кој е многу горд, за плантажите со лешници, и ќе открие со кој нов бизнис се занимава.

Спонтан, пријателски расположен и исклучително професионален, рокерот ќе ги почести гледачите и со два големи хита, акустично, со неговата гитара.

Погледнете ја најавата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот