„Нема не сакате“, Венизелос бара доследно почитување на Договорот од Преспа, „Северна Македонија“ и дома и во странство

Поранешниот грчки вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во изјава за грчката агенција АНА-МПА се осврна на политичките случувања во Северна Македонија и Договорот од Преспа откако неколку новоизбрани градоначалници од опозицијата се обидоа да „ќарат“ евтини политички поени пред гласачите, користејќи само „Република Македонија“ при стапувањето на должност во локалните самоуправи.

– Она што се очекува во однос на имплементацијата на Преспанскиот договор е да се обезбеди ексклузивна употреба на името Северна Македонија во странство и токму затоа, секој кој секој тековно го оспорува Договорот од Преспа во суштина сака да каже дека Северна Македонија го обезбеди она што требаше да го обезбеди и е ослободена од својата обврска според меѓународното право да го користи доследно името Северна Македонија дома и се разбира во ситуации „Ние не го сакаме тоа“. Договорот од Преспа мора да се почитува и секој мора да знае дека тоа преовладува и во Уставот на Северна Македонија“, дециден е Венизелос Венизелос.

Венизелос во периодот на министерувањето на различни позиции во грчките влади од 1993 година беше активен во спорот за името.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот