Нејмар демантира дека се степал со Донарума

Нејмар/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

ПСЖ вчера доживеа болна елиминација во Лигата на шампионите од Реа Мадрид, по што претседателот Насер Ал-Келаифи збесна и влезе во соблекувалната на судиите, а медиумите пишуваа и за инцидент помеѓу Нејмар и Џанлуиџи Донарума.

За да демантира дека воопшто немало никаков инцидент, Нејмар на социјалните мрежи ги објави пораките што ги размени со својот соиграч, голманот Донарума.

Извини за тоа вчера (грешката на Бразилецот по која Бензема го постигна вториот гол) – му напиша Донарума на Нејмар, по што следеше одговорот од Бразилецот.

– Не се грижи пријателу, тоа се случува во фудбалот. Ние сме тим и сите сме со тебе. Многу си млад и ќе освоиш многу трофеи. Одиме понатаму, ние сме пријатели – гласи одговорот на Нејмар.

Бразилецот потоа ги прозва новинарите што пишуваа за инцидентот меѓу него и Донарума.

„Немаше тепачка во соблекувалната. Некомпетентен новинар само сака да продаде приказна“, напиша Нејмар.

По елиминацијата во осминафиналето во ЛШ, на ПСЖ сезонава им остана борбата за само еден трофеј, за титулата во Лига 1 и таму се на добар пат да триумфираат бидејќи се лидери на табелата со 62 бода, дури 13 повеќе од второпласираната Ница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот