Не се регистрирани случаи со мали сипаници изминатата недела

Фото архива на СП

Од 11 октомври до 18 октомври не се регистрирани нови случаи со мали сипаници. Се уште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на државава. Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.

Во 41-вата недела во државава се вакцинирани 610 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 41.623 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина).

Од почетокот на епидемијата, досега, во центрите за јавно здравје дополнително се аплицирани 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот