Не помогна ниту затворањето на општествата поради пандемијата: Рекордни вредности на Co2 во атмосферата

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Глобалните вредности на јаглерод диоксид (Со2) во атмосферата остануваат на рекордно нивоа и покрај затворањето на економиите и на општествата поради пандемијата на коронавирусот, се наведува во последниот извештај на Светската метеоролошка организација (СMO).

Извештајот сугерира дека нивото на јаглерод диоксид за последен пат било толку високо пред три до пет милиони години.

Научниците тврдат дека затворањето на заедниците поради пандемијата од ковид-19 ги ​​намалија емисиите на многу загадувачи и предизвикувачи на ефектот на стаклена градина, но забележуваат дека тоа има незначително влијание врз вкупната концентрација на јаглерод диоксид.

Метеоролошката организација на ОН предупредува дека глобалната просечна концентрација на јаглерод диоксид во 2019 година го проби прагот од 410 честички на милион (ppm), а растот продолжи и во 2020 година.

– Го пробивме глобалниот праг од 400 ppm во 2015 година и само четири години подоцна надминавме 410 ppm, изјави генералниот секретар на СМО, Петери Талас.

Ваквата стапка на раст, според него, никогаш не била видена во историјата на регистрираните записи.

– Падот на емисиите поврзани со заклучување на општествата е само мала трага на долгорочниот графикон. Потребно ни е континуирано исправување на кривата, рече Талас.

Според него, пандемијата на ковид-19 не е решение за климатските промени, туку нуди платформа за поодржливо и амбициозно дејствување за намалување на емисиите и целосно трансформирање на индустриските, енергетските и транспортните системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот