Не личам на себе – Чедомир Јовановиќ по битката со коронавирусот

Чедомир Јовановиќ/ Фото: Фејсбук

Лидерот на српската партија ЛДП Чедомир Јовановиќ по излегувањето од болница зборува за својата борба со коронавирусот во разговор за српската 1ТВ.

„Тоа што луѓето можат да го прочитаат и слушнат е точно. Но, недостига чувството кое ќе го стекнете кога ќе се соочите со искуството. Опасноста дека можам некого да заразам постојано ми беше во умот. Сте ги изложиле на опасност пријателите и семејството, за тоа размислував повеќе од било што друго. Ние како општество направивме многу погрешни чекори, вообичаено сме паметгни кога удираме со глава во ѕид. Болеста не бира. Голема е одговорноста кога ќе разбирате дека некого можете да заразите“, рекол Јовановиќ

Според него, медицинскиот персонал не правел разлика во пристапот кон него и останатите пациенти, биле внимателни и одговорни со сите.

„Оваа маска, би ја изел повеќе пати до сега, но таа ме чува и мене и другите. Една ноќ дојдоа 320 луѓе на Инфективната клиника и не знаете како да им помогнете. Изгубив многу килограми едвај личам на себе“, вели Јовановиќ во интервјуто.

Тој нагласува дека неговото шестчлено семејство е во добобра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот