НЕ ИЗДРЖА: Почина „сината девојка“ која се самозапали пред судот

Сахар Кодајари, 29 годишната девојка која се самозапали пред судницата по сознанието дека ја очекува затворска казна од 6 месеци до 2 години, поради „нелегалното” присуство на фудбалски натпревар на омилениот тим, подлегнала на повредите.

Во 21 век, присуство на жени на фудбалски натпревари во Иран е сеуште забрането – иако истото беше дозволено пред само неколку децении. Сахар била приморана да се маскира во маж за да присуствува на натпреварот во март, кога и играл нејзиниот омилен ирански клуб, Естегал. За жал, тогаш била фатена и уапсена, за потоа да помине 3 ноќи во затвор и да биде ослободена со кауција, додека го чекала судот да ја изрече казната за стореното дело. За иронијата да биде поголема, Сахар е уапсена на стадионот Азади, што во превод значи Ослободување.

29 годишната Сахар дипломирала на факултетот за компјутерски науки, a на социјалните мрежи го доби епитетот #bluegirl поради нејзината љубов кон фудбалскиот тим Естегал од Иран, чии бои се  сино-бели.

ФИФА го услови Иран да ја прекине забраната за присуство на жени на фудбалски наптревари, со рок до 31 август. Иран сe’ уште не дозволува женско присуство на натпревари. Преку хаштагот #bluegirl, луѓе од целиот свет во вчера и денес пишуваат на темата и бараат правда од ФИФА со исклучување на Иран од натпревари, се додека правилото за забрана на присуство на жени на фудбалски натпревари не се промени (кое веќе ги прекршува и самите правила на ФИФА).

Од фудбалскиот тим Естегал ја споделија фотографијата на нивниот инстаграм профил, каде во самиот пост изразуваат сочуство кон семејството. Официјалните власти се’ уште немаат дадено изјава за целиот настан. Според Humans Right’s Watch, жените во Иран не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари од 1981 година, но смеат да посетуваат некои други спортски натпревари, како одбојка. Иако непишаното правило не е озаконето, ова не е прв случај кога жени биле уапсени за прекршоци од ваков тип во Иран.

Али Карими, поранешен играч на ФК Баерн Минхен, кој има одиграно 127 натпревари за иранската репрезантиција и воедно гласен борец против забранетото присуство на жените на фудбалските натпревари во Иран, побара бојкот на сите стадиони во знак на протест за трагичната смрт на младата Кодајари.

View this post on Instagram

Техран, Иран ⚡️ 29 годишната Сахар Кодајари се самозапали пред судницата по сознанието дека ја очекува затворска казна од 6 месеци до 2 години, поради „нелегалното“ присуство на фудбалски натпревар на омилениот тим… Чинот се случи пред една недела, а пред неколку часа, за жал, Сахар подлегна на повредите… ⁣ Во 21 век, присуство на жени на фудбалски натпревари во Иран е забрането – иако истото беше дозволено пред неколку децении… Сахар била приморана да се маскира во маж за да присуствува на натпреварот во март, кога и играл нејзиниот омилен ирански клуб, Естегал. За жал, тогаш била фатена и уапсена, за потоа да помине 3 ноќи во затвор и да биде ослободена со кауција, додека го чека судот да ја изрече казната за стореното дело. За иронијата да биде поголема, Сахар е уапсена на стадионот Азади, што во превод значи Ослободување. ⁣ ⁣ 29 годишната Сахар дипломирала на факултетот за компјутерски науки и на социјалните мрежи го доби епитетот #bluegirl, поради сино-белите бои на тимот Естегал. ⁣ ФИФА го услови Иран да ја прекине забраната за присуство на жени на фудбалски наптревари, со рок до 31 август. Иран сe' уште не дозволува женско присуство на натпревари. Преку хаштагот #bluegirl, луѓе од целиот свет во моментов пишуваат на темата и бараат правда од ФИФА и исклучување на Иран од натпревари, се додека правилото не се промени (кое веќе ги прекршува и самите правила на ФИФА). ⁣ ⁣ Од фудбалскиот тим Естегал ја споделија фотографијата (слика 5) каде во самиот пост изразуваат сочуство кон семејството. Официјалните власти се' уште немаат дадено никаква изјава за целиот настан. Според @humanrightswatch, жените во Иран не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари од 1981 година, но смеат да посетуваат некои други спортски натпревари, како одбојка. Иако непишаното правило не е озаконето, ова не е прв случај кога жени биле уапсени за прекршоци од ваков тип во Иран.⁣ ⁣ Али Карими, поранешен играч на @fcbayern кој има одиграно 127 натпревари за иранската репрезантиција и воедно гласен борец против забранетото присуство на жените на фудбалските натпревари во #Иран, побара бојкот на сите стадиони во знак на протест за трагичната смрт на Кодајари…

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

 

Жена во Иран се самозапали пред да биде осудена за обид за влегување на стадион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот