Не ги носете децата на систематски прегледи, поради коронавирусот се одложуваат!

Коронавирусот ги одложи систематските прегледи на децата од училишна возраст и младина, согласно Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите во земјава.

Се одложуваат и сите здравствени прегледи било да станува збор за систематски, претходни, насочени или периодични за сите вработени. Според документот потпишан од министерот за здравство Венко Филипче, дополнително ќе биде утврдено кога децата и вработените ќе ги одржат прегледите.

Состојбата со коронавирусот е причината поради која е донесена ваква одлука и таа веќе е на сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот