Научниците предупредуваат да не се отстрануваат сите мерки додека не се најде вакцина

Фото: EPA

Четири водечки научни организации во Германија истакнаа дека некои од мерките што се воведени да се спречи ширење на Ковид-19 мораат да останат на сила, додека не се пронајде вакцина или се постигне колективен имунитет.

Зоолошката градина во Берлин е отворена, но насекаде има банери кои потсетуваат да се одржува социјална дистанца / Берлин, Германија, 28 април 2020 година / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во заедничко соопштение, организациите истакнаа дека нивните математички модели покажуваат дека стапката на репродукција на епидемијата во Германија е под еден од крајот на март, што значи дека опаѓа стапката на новозаразени.

Во соопштението пишува дека за опаѓање на стапката најмногу придонес имаат ограничувањата и промената во однесувањето, но предупредуваат дека ситуацијата не е стабилна и дека најмало зголемување на стапката може да доведе во фаза на експоненцијален раст.

Луѓе одржуваат дистанца додека чекаат ред за влез во продавница на плоштадот Александерплац во Берлин / 24 април 2020 година / Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Организациите наведуваат дека колективниот имунитет кон кој се стреми, нема да биде постигнат уште неколку години и поради тоа некои ограничувања треба да се задржат, а истакнаа и дека вакцината нема да биде достапна до наредната година.

Експертите повикуваат фокусот да биде на три области: хигиенски мерки, проширен капацитет на тестирање и следење и прилагодено ограничување на контакти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот