НАТО протера осум руски дипломати од мисијата во Брисел

НАТО, Брисел / Фото: Архива

НАТО ги повлече  акредитациите на осуммина членови на мисијата на Русија во Алијансата во Брисел, кои биле „непријавени руски разузнавачи”, изјави денеска претставник на НАТО, јави ДПА.

-Исто така, можеме да потврдиме дека на 10 го намаливме бројот на членови што Руската Федерација може да ги акредитира во НАТО, рече тој.

„Политиката на НАТО кон Русија останува конзистентна. Ги засиливме одвраќањето и одбраната како одговор на агресивните потези на Русија, но во исто време остануваме отворени за разумен дијалог”, додаде официјалниот претставник на Алијансата.

Руските медиуми го цитираат високиот руски функционер Лоенид Слуцки кој предмалку изјави дека Москва ќе возврати на одлуката на НАТО.

Слуцки, шеф на Долниот дом на парламентарната комисија за меѓународни работи, рече дека Русија нема нужно да возврати на истиот начин.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот