Наскоро Уставниот суд ќе донесе одлука за застарување на предметите во кои се гонат функционери

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Уставните судии на денешниот стручен колегиум ја разгледаа иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик кој се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службената должност и овластување.

Од Уставниот суд информираат дека мериторна одлука ќе биде донесена на една од наредните седници.

– На колегиумот се разгледуваше оформениот предмет по иницијативата У.бр. 106/2019, со која е оспорена опредбата од член 3535 став 5 од Кривичниот законик. На седницата на стручниот колегиум сите судии ги изнесоа своите размислувања за неколку важни и спорни прашања покренати на претходната седница. Уставниот суд ќе донесе мериторна одлука на една од наредната седници- се наведува во соопштението.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 ја поднесе адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.

ПРАВНИЦИТЕ СОГЛАСНИ: Членот од Кривичниот законик кој ги гони сите криминалци не смее да се чепка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот