ПРАВНИЦИТЕ СОГЛАСНИ: Членот од Кривичниот законик кој ги гони сите криминалци не смее да се чепка

Уставниот суд на Македонија денеска на колегиум дискутира по иницијативата за оценување на уставноста поднесена од адвокатот Еленко Миланов за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување. Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати вчера најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став.

Мурати посочи дека предметот бил на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика. Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.

Вчера министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање за дебатите за промена на Кривичниот законик кои се водат во Уставниот суд, рече дека обврска на Устваниот суд е да ја цени уставноста, а не дали казнената политика е соодветна или не.

Што вели спорниот член 353 и поважниот став 5?

(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Прочитајте и...  Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото посебно овластување или должност.

(5) Ако делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Нема логика Уставниот суд да ја испитува уставноста на овој член.

Адвокатот Еленко Миланов за „Слободен печат“ вели дека има голема правна непрецизност во членот 353 од Кривичниот закон на Република Македонија. Тој член, според Миланов, има голема опширност. Токму правното „поле“ за кривично гонење на поединец или група е една од причините поради која тој ја поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на ова кривично дело. Миланов додава дека секој граѓанин кој има функција може да биде гонет за одговорност.

– Една од причините е и опширноста поради која може да се поднесе кривична пријава. Секој кој има функција на службеност може да се најде одговорен и да биде кривично гонет. На пример, јас сум подносител на оваа иницијатива. Вие сте новинар. Вие барате мислење од мене како подносител, а не од некој друг правник. Тоа според некој може да е законски спорно и може да се повика на некој член од Законот на Агенцијата за медиуми, да оцени дека е пристрасно и да ве гони токму за ова кривично дело – оценува Миланов.

Прочитајте и...  Завршни зборови во „Рекет“, одбраната со реакција дека поротник е со изминат мандат

Професорот Гордан Калајџиев вели дека не гледа логика Уставниот суд да ја испитува уставноста на овој член од Кривичниот закон.

– Овој член е важен бидејќи покрива еден куп злоупотреби кои се прават и не може таков да речам луксуз да се укине. Дали е добар или не овој член може да одлучува Министерството за правда или парламентот да го преиспита, а не Уставен суд. Може некок дела да речеме да се модернизираат или декриминализираат, но не гледам причина тоа да оди преку Уставниот суд – вели Калајџиев.

Неговиот колега Никола Стојановски смета дека нема потреба Уставниот суд да се впушта во расправа за член кој јасно и прецизно ги опфаќа кривичните дела за кои се однесува и секоја дебата по истиот е само изгубено време.

– Да ги тргнеме на страна тврдењата на одредени лица дека идејата било да се „спасат“ некои од обвинетите од СЈО. Да го гледаме низ правни „очи“ посочениот член. Да бил неуставен сметате дека до денес после скоро три децении независност немало некој да го обжали пред Уставниот суд или самиот суд немало да покрене самостојна иницијатива за истиот? Членот 353 и самиот став 5 се така напишани да не остава простор за правна маневра некој да си го толкува како сака. Лаик прв пат да го чита тој член одма му станува јасно за што станува збор и што е казниво – тврди Стојановски.

Прочитајте и...  Скопската Зоолошка градина ги отвори вратите за посетителите (ГАЛЕРИЈА)

Под поимот службена должност се подразбира должноста која службените и одговорните лица ја имаат спрема некого, спрема државата или спрема службата, врз основа на дадените овластувања и законските прописи кон кои што се должни да се придржуваат и своите работни задачи да ги извршуваат во интерес на службата. Како сторители на злоупотребите на службената положба можат да се јават разни категории на лица почнувајќи од обични реферати, административни службеници, лица со јавни овластувања, па се до службени и одговорни лица кои имаат повисока функција.

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик од 1999 година кај кривичните дела против службената должност точно е определено дека како сторители на овие дела, покрај службените лица, се и лицата кои вршат одредени одговорни функции во јавните претпријатија, финансиските институции, како и одговорните лица во правните лица кои се регистрирани врз основа на закон, вклучувајќи ги и странските лица кои имаат свои претставништва или извршуваат некоја дејност врз основа на закон во Македонија.

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат