Насилството врз жените во Словенија е зголемено за време на пандемијата

За време на пандемијата на коронавирусот во Словенија, бројот на случаи на насилство врз жени се зголеми, а за време на првиот бран беа пријавени во полиција 177 случаи на насилство, што е за дури 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Најчеста форма на насилство на која биле изложени жените е физичкото насилство, но исто така и психичко и економско или комбинација од овие три вида насилство, а сторителите се најчесто сегашни или поранешни партнери, пренесува ТВ Словенија.

Се наведува дека некои невладини организации пружале помош на ранливи жени, кои објавиле дека за време на првиот бран, бројот на жртви на насилство во нивните програми се зголемил за две третини.

Се додава дека и самите жртви велат дека насилството било присутно и претходно, но дека ескалирало за време на првиот бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот