Народна банка ја засилува битката против фалсификуваните евра

Народна банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) за заштита на банкнотите во евра од фалсификување, со што се остварува уште еден чекор по патот кон Европскиот систем на централни банки. 

Со Договорот потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и информации поврзани со фалсификуваните банкноти во евра. Со овие информации, отсега, НБ ќе може полесно да ги класифицира регистрираните фалсификати на територијата на нашата земја. Истовремено, предвидено е Народната банка да испраќа редовни месечни извештаи до ЕЦБ со коишто ќе ја известува за сите регистрирани фалсификувани банкноти во евра откриени на територијата на нашата земја.

Минатата година НБРС склучи и Договор со ЕК за соработка во сферата на заштитата на кованите евра од фалсификување, а со новиот договор со ЕЦБ, се заокружува рамката на соработката во однос на заштитата на еврото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот