Народна банка: Имаше кус напад на веб-страниците на банките, нема опасност за податоците

Народна банка на РСМ
Народна банка на РСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Хакерите од групата која себеси се нарекува „Моќна грчка армија“ вчеравечер на Твитер се пофалија дека извршиле напади врз повеќе македонски банки

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад, соопшти Народната банка.

„ Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање“, тврдат од Народната банка.

Оттаму објаснија дека ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

„Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, информираше Народната банка.

Хакерите од групата која себеси се нарекува „Моќна грчка армија“ вчеравечер на Твитер се пофалија дека извршиле напади врз повеќе македонски банки.

ТТК банка го потврди хакерскиот напад, немале последици врз системот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот