Направете совршено домашно варено вино по рецептот на славниот Џејми Оливер

Фото: Профимедиа

Зимата е идеално време за уживање во удобноста на вашиот дом, во друштво на блиските и во топлата атмосфера. Уште и ако имате камин па со чаша домашно варено вино ќе уживате во глетката на оганот.

Славниот британски готвач Џејми Оливер во текот на празничните денови сподели свој рецепт за совршено варено домашно вино.

Неговата тајна е во зачините, но и во трпеливоста: треба да оставите полека да се вари на тивок оган за сите вкусови убаво да се спојат.

Рецепт за варено вино на Џејми Оливер

Состојки:

– 2 шишиња црвено вино
– 1 лимон
– 1 лимета
– 2 клементини (мандарини)
– 200 грама шеќер
– 6 каранфилчиња
– 1 стапче цимет
– ванила
– 3 ловорови листа
– 1 мускатно оревче
– 2 ѕвездасти анасон

Подготовка:

Излупете ја кората од лимонот, лиметата и клементините.
Ставете го шеќерот на загреана рингла, па додадете ја кората и исцедениот сок од клементините. Додадете каранфилче, цимет, ловоров лист и изрендајте мускатно оревче.
Додадете ја ванилата, па сипете ја количината од виното (онолку колку што е потребно за да се покрие шеќерот).
Кога ќе зоврие, оставете да се вари уште 4 до 5 минути додека не стане густ сируп.
Шеќерот и зачините прво треба добро да се загреат, бидејќи ако се загреваат откако ќе го додадете виното, алкохолот ќе испари. Кога ќе се создаде сируп, намалете ја температурата и додадете го анисот и остатокот од виното.
Загревајте го виното на ниска температура, а по пет минути сипете го виното во чаши и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот