Направете сируп од млади коприви за зајакнување на имунитетот

profimedia

Во овој период од годината почнуваат да растат млади коприви. Обидете се да наберете колку што е можно повеќе од ова исклучително здраво растение.

Копривите што сега ќе ги наберете, можете да ги исушите и од нив во текот на годината да си подготвувате чај, кој ќе ви го исчисти телото од наталожените токсини. Воедно можете да ги исчистите и да ги замрзнете, а од нив потоа да правите фил за пита.

Исто така, свежата коприва можете да ја искористите и за подготовка на лековити сирупи, кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.

Доколку сакате да подготвите сируп од млада коприва за зајакнување на имунитетот, ќе ви требаат следните состојки:

  • грама листови од млади коприви

7 лимони

800 грама шеќер

5 супени лажици ливадски мед

1 литар зовриена вода

Подготовка:

Зовријте го потребното количество вода и во неа додајте ги исчистените и измиени листови од млади коприви. Во водата додајте ги и ситно исечканите лимони што претходно убаво сте ги измиле.

Водата со состојките нека отстои околу 24 часа.

Откако ќе помине потребното време, со рацете убаво изгмечете ги состојките што сте ги ставиле во водата. Добиената течност убаво процедете ја и во неа додајте ги шеќерот и медот. Убаво измешајте додека не се стопат медот и шеќерот.

Добиениот сируп, складирајте го во стерилизирани шишиња и убаво затворете ги. Сирупот од млади коприви, пијте го секој ден, по неколку супени лажици рано наутро пред да појадувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот