Направена снимка на планета оддалечена од Земјата 63 светлосни години

Егзопланетата наречена Бета Пикторис ц е втората планета откриена надвор од Сончевиот систем. Оддалечена е 63 светлосни години од Земјата.

Истражувачите од Институтот за астрономија „Макс Планк“ успеале да ја направат првата оптичка фотографија на оваа егзопланета. Снимката е направена со помош на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимањето е извршено со методот на радијална брзина.

Ова е првата директна потврда на планета откриена со методот на радијална брзина“, изјави Силвестре Лакур, предводникот на програмата за набљудување ExoGRAVITY.

Френк Ајзенхауер, водечкиот научник на проектот вели дека допрва почнуваат да ги истражуваат новите светови, од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија до планетите надвор од Сончевиот систем.

Системот Бета Пикторис се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат во младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година е наречена Бета Пикторис б. Втората, Бета Пикторис ц, е откриена во втората половина на 2019 година, а сега е направена нејзината единствена снимка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот